Она што било најважно во трансформацијата на Мајра било судењето во 2011 година, на кое се ослободила од обвинението дека „со гротескното тело го згмечила и убила двегодишниот внук Елисео“.


Нејзината сестра, мајката на Елисео, признала дека го злоставувала и малтретирала детето и сега издржува 15-годишна затворска казна.
Страшниот настан се случил во 2008 година, кога Мајра се најде во фокусот на светската јавност. „Јас себе си се отпишав, па сакав да и` помогнам на сестра ми. Затоа го признав злосторството за кое знаев дека не сум виновна. Знаев дека мојата сестра го злоупотребува детето, викаше по него, го тепаше... Сепак, судот беше на страната на правдата“, раскажала таа.


Нејзиниот живот бил исполнет со тага и беспомошност. „Мислев дека умирам. Се` пред ова не беше живот и дури сега откривам некои работи. Учам да се движам, да правам некои обични работи како одење во продавница. Се навикнувам на своето ново тело. Сега можам да правам разни работи“, раскажува Мајра која постигнала неверојатен успех во слабеењето благодарение на многу операции, тренинзи, промена на режимот на исхрана, но и со напорни психолошки сеанси.

Нејзината радикална трансформација дала одлични резултати и Мајра не се откажува од овој изглед.
