Оскаровецот Џејмс Хорнер (61) се смета за мртов, откако неговиот приватен мал авион се урнал вчера наутро во јужна Калифорнија.
Неговата асистентка Силвија Патрисија ги известила медиумите дека само тој се наоѓал во авионот кога се случила кобната несреќа. Можеби вам неговото име не ви значи многу, но некои од најпознатите филмови на денешницата како што е „Титаник“, не би биле тоа што се да не беше Џејмс.

„Изгубивме фантастична личност, со големо срце и неверојатен талент. Умре правејќи го она што го сакаше. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, напишала неговата асистентка на Фејсбук.
Иако полицијата се` уште не потврдила дека станува збор токму за славниот композитор, оние кои го познаваат тврдат дека тој сигурно би се јавил ако не бил во авионот.
Џејмс понесе два Оскари за музиката за легендарниот филм „Титаник“, а токму тој ја напиша една од најдобрите балади на сите времиња. Знаете, онаа песна на која секогаш плачете кога го гледате „Титаник“...
