Зеленокосиот чудак: Од интернет сензација до затворска казна

Кортни Барнс станал вистинска интернет сензација по телевизискиот прилог во кој на многу сликовит начин ја опишал сообраќајната несреќа на која бил сведок. Славата сепак не му дошла добро на Барнс, бидејќи сопственикот на една продавница го препознал и означил како крадец, а како доказ приложил снимка од безбедносните камери.

Ова ексцентрично момче најпрво се прославило како очевидец на сообраќајна несреќа која се случила во Џексон, во државата Мисисипи.



За локалната телевизија WLBT-TV дал интервју, кое на социјалните мрежи било означено како "најдоброто во историјата".

Сепак, неговата зелена фризура и долгите зелени нокти, му помогнале на еден сопственик на ограбена продавница да го препознае.


Кратко по смешното интервју, Барнс се предал на полицијата и бил уапсен за кражба.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О