Нов споменик во центарот на Скопје: Пет милиони евра за изградба на скулптурална композиција


Министерството за култура распиша оглас за изградба на објект со скулптурална композиција.

Проценета вредност на договорот без ДДВ е 316.833.051 денари или околу 5,1 милиони евра.

Инаку, уште во текот на минатата година Министерството за култура за медиумите потврди дека ќе подигне нов споменик на местото каде беше најавено дека ќе се постави скулптура посветена на хуманитарката Мајка Тереза, а која требаше да биде донација од индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Се предвидува новото спомен-обележје да биде во централното градско подрачје.

Главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена, а понудите треба да се достават најдоцна до 30.07.2015 во 12.00 часот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О