По протекувањето на слики од контроверзниот Galaxy A8, гласините за неговото појавување на пазарот се покажаа вистинити.
Сликите покажуваат отстапување од дизајнот на А серијата на паметни телефони. Препознатливиот распоред на блицот и на звучникот е променет, со тоа што им се заменети местата.
Судејќи според фотографиите, посебно според големиот 5,7 инчен екран, по сè изгледа дека Samsung на пазарот ќе пушти поголема верзија од популарниот Galaxy S6. Од сликите не можат со сигурност да се потврдат гласините: Android 5.1.1, 2 GB RAM, 16 GB внатрешна меморија 16 MP главна камера и 5MP предна камера, но наскоро може да очекуваме и официјално објавување на карактеристики од Samsung.