Нејзината мајка Драгана Пупиќ Пољански (35) е единствената жртва од тешката сообраќајна незгода која што се случи во понеделникот рано наутро, кога се преврте туристичкиот автобус на агенцијата "Barcino tours", кај наплатната рампа Бубањ Поток. Во таа прилика потешко или полесно беа повредени повеќе од 60 патника.
- Никој од персоналот во болницата не смее да ѝ соопшти што точно се случило. Веројатно за сето тоа ќе ѝ каже нејзиниот татко кога таа сосема ќе се опорави и сето тоа ќе се случи и во присуство на детски психолог. Таткото на Лана едвај се воздржуваше да не пушти солзи пред неговата ќерка кога таа го молела за да ја види својата мајка, раскажува извор од болницата за српски "Ало!".
Момчило Пољански, дедото на Лана, за српски "Ало!" Раскажува дека неговиот син за трагедијата слушнал во Полска.
- Му се јавил неговиот шеф кој што со автомобил отишол до него и го довел во Србија. Ѓорѓе набрзо ја посети својата ќерка Лана во болница. Ми се јави кога излезе од нејзината соба и ми кажа дека Лана е многу уморна и дека постојано ѝ се спие, но дека е многу подобра, раскажал Момчило Пољански.
Според неговите зборови, Ѓорѓе доста често бил на пат, понекогаш и по две недели, што секако било тешко за неговата, сега веќе покојна сопруга Драгана, која често останувала сама со нивната ќерка.
Повредената Лана вчера во утринските часови била префрлена на одделението за хирургија поради пукнатини на черепот и на карлицата при што нејзината состојба е и понатаму сериозна.
- Девојчето кое има осум години и кое беше повредено во сообраќајната незгода моментално е стабилно и нејзината состојба се следи од минута во минута. Свесна е и комуницира. Таа се здобила со повеќекратни повреди, но немаше потреба за оперативни зафати и не се очекува дека ќе има нешто такво. Ако има потреба, нашиот тим е подготвен и да интервенира, изјавил др Ракиќ од Детската клиника.
Возачот на автобусот е во блиска роднинска врска со фудбалската легенда
Драган Стојковиќ Пикси, еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња, веста за несреќата на автопатот го затекнала токму во денот кога во Амбасадата на Јапонија во Белград тој го примал орденот од јапонскиот цар за "извонредни заслуги".
Освен шок поради смртта на еден од патниците и сериозните повреди кај останатите, дополнително бил потресен и од веста дека зад воланот на автобусот се нашол токму неговиот братучед – Зоран Стојковиќ.
"Barcino tours" засега без одговор
Во намера да се чуе и другата страна за несреќата кај Бубањ Поток, каде се преврти автобусот на "Barcino tours", српски "Ало!" се обидел да исконтактира со агенцијата, но тие не успеале да добијат никаков одговор.
Според нивните сознанија, возачот на автобусот Зоран Стојковиќ (43) бил зад воланот на автобусот и постојат сомнежи дека тој заспал зад воланот и на тој начин ја предизвикал трагедијата.
Зоран не сакал ништо да коментира, единствено нешто што напоменувал е дека не се сеќава на ништо. Ако се докаже дека тој е одговорен за несреќата, му се заканува казна затвор до 12 години.
Причината за несреќата ќе биде позната денес
Според досегашните сознанија, тахографот на автобусот од силината на ударот бил оштетен така што ќе треба да минат неколку дена додека да се отчитаат резултатите кои ќе покажат дали евентуално било пречекорено времето за управување кај возачот на автобусот и која била точната брзина во моментот на несреќата.
- Вештачењето е во тек и денес ќе бидат познати сите резултати кои се важни за сообраќајната незгода, објаснува извор за српски "Ало!" од Министерството за внатрешни работи.
Мајката на Драгана во очај посакува таа да била на местото на нејзината ќерка...
Во исто време кога Лана била посетена од нејзиниот татко, телото на нејзината мајка Драгана било пренесено во Бачка Паланка во капелата каде што ќе биде погребана денес во 15 часoт. По нејзиното тело заминал таткото Диме Пупиќ, кој не бил способен за никаков коментар во врска со случувањата. Него го пречекала сопругата Душанка која што исто така била повредена во несреќата. Трагичната вест ѝ била соопштена веднаш што нејзината состојба се стабилизирала.