Погледнете како изгледале познатите ѕвезди во основно училиште!

Кога ќе ја погледнете својата фотографија од основно училиште, ви се случува ли барем понекогаш да се засрамите? Колку сте се промениле од тогаш? Ниту славните не биле славни уште од мали нозе. И тие биле деца, и тие оделе во основно училиште, а еве и како изгледале токму тогаш.


Кој би рекол дека на оваа фотографија е една од денес најатрактивните ѕвезди во Холивуд?

Џенифер Лопез во своите тинејџерски денови очигледно сакала да експериментира со својата фризура, па во пубертетот носела и кратка "машка" фризура.

Денес, еден од заштитните знаци на Џеј Ло е токму нејзината долга коса, а единствено нешто со кое што таа експериментира е нејзината боја, од медово руса до костенлива.

Сепак, латино ѕвездата и како девојче била исклучително убава, а единствено нешто што може да забележиме е дека медиумските тврдења дека повеќе пати го оперирала носот се најверојатно точни.

Таа е денес сопруга на Дејвид Бекам, мајка на четири деца и со сигурност, најпозната жена на фудбалер во светот.

После пејачката кариера кон почетокот на деведесетите години, таа се насочи кон дизајнот и семејството, а долга низа од години ја носеше и титулата модна икона. И денес важи за жена која исклучително многу внимава на својот физички изглед, а и тогаш Пош очигледно водела сметка за да носи модерна фризура.

Интересен е и фактот дека Викторија Бекам ретко кога може да ја видиме насмеана, а некогаш одамна дизајнерката очигледно била често насмеана.

Медиумите тврдат дека причината поради која што исчезнала нејзината насмевка е тоа што Викторија се плаши да не добие брчки. Но тоа е навистина голема штета, бидејќи насмевката навистина одлично ѝ прилега.
Кога ќе ја погледнете нејзината фотографија од тинејџерските денови се чини дека таа и тогаш со голема леснотија ги кршела машките срца.

Иако поминале повеќе од две децении од моментот во кој што настанала оваа фотографија, а популарната латино дива во меѓувреме наполни 41 година, се чини дека Ева Мендес ниту најмалку не се променила за сите овие години.

Актерката и денес плени со својата насмевка, а фотографијата очигледно и ни потврдува дека Ева е природна убавица.

Пејачката со моќен глас исто така не се променила премногу.
Тинејџерските денови за Мараја Кери биле тешки и полни со неизвесности, за што таа и отворено често говорела.

Мараја во своето детство, благодарение на своето мешовито потекло, имала чести средби со расните навреди, непријателството, па дури и насилството кое што дошло до тој степен што крстови била спалувани на нивниот тревник, нивните кучиња биле труени, семејниот автомобил разнесен во воздух и куршум бил испален низ нивниот кујнски простор.

Сепак, Мараја успеала да помине низ сето тоа и да направи импресивна кариера.

Најмладата на оваа листа е Меган Фокс. Младата актерка и не толку одамна завршила основно училиште, но очигледно се променила навистина многу.
Медиумите неретко негодуваат за пластични операции кои што наводно Меган ги направила, но актерката никогаш не се огласила по тој повод.

Меган Фокс денес е една од најуспешните млади ѕвезди во Холивуд, а многумина тврдат дека е и една од најубавите.

Исто така, таа во меѓувреме се реализираше и како мајка, а очигледно е дека и значајно се разубавела.

Па, која од овие дами е за вас најголемо изненадување?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О