"Нема синот да ми расте во Европа во која има бодликава жица меѓу Србија и Унгарија"!

"За мојата генерација, раѓањето на европскиот идентитет се поклопува со симболичниот пад на Берлинскиот ѕид. Јас тогаш имав 14 години. Денес мојот син има исто толку, и не сакам за него знак за припадност во европското семејство да биде ѕидот меѓу Унгарија и Србија, или ограда на недоверба меѓу европските земји", вели италијанскиот премиер.

Италијанскиот премиер Матео Ренци, се спротивставил на градењето на ограда меѓу Унгарија и Србија, која е најавена од Будимпешта за сопирање на мигрантите.


"За мојата генерација, раѓањето на европскиот идентитет се поклопува со симболичниот пад на Берлинскиот ѕид. Јас тогаш имав 14 години. Денес мојот син има исто толку, и не сакам за него знак за припадност во европското семејство да биде ѕидот меѓу Унгарија и Србија, или ограда на недоверба меѓу европските земји", навел Ренци.


Во колумната за италијанска La Stampa, за проблемот со мигрантите, Ренци навел дека Европа не е куп од обврзувачки финансиски правила, туку "заедница од души, судбини, идеали", пренесува Telegraf.rs.


"Доколку ова ни се одземе, го губиме европскиот идентитет. Сакаме да се бориме за различно сфаќање на човековите вредности, развој на цивилното општество, мир: Европа е создадена поради тоа, не поради правење на берзански договори и пактови за стабилност", навел Ренци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О