НАСА се подготвува за Армагедон? Во вселената испраќа нуклеарни ракети!

Како би спречиле експлозии од непознати објекти, стручњаците напоменуваат дека уништувањето на астероидите со нуклеарни ракети би бил добар чекор, особено ако се насочени кон средни и мали астероиди или комети.

НАСА и американската Национална управа за нуклеарна безбедност објавија дека одсега заедно работат на одржување на безбедноста и пронаоѓање на решенија за можните опасни астероиди кои ѝ се приближуваат на Земјата, што би можело да вклучува и употреба на нуклеарно оружје, пишува Daily Mail.


Исто како и во филмот "Армагедон", во кој мажествениот Брус Вилис оди во вселената со цел да уништи опасен астероид за планетата Земја, според плановите на НАСА, нуклеарната бомба би можела да биде испратена во вселената со помош на ракета.

Овие две агенции работат засебно, но понекогаш нивните планови знаат да се вкрстат. До какво заедничко решение и да дојдат, тоа ќе биде нешто навистина добро, изјавил Брус Бетс, директор по наука и технологии при Планетарното друштво.

Научниците тврдат дека во Земјината близина кружат околу милион астериоиди, а секој од нив претставува потенцијална закана. Застрашувачки доказ за тоа колку се опасни, и како тоа буквално секој од нив би можел да ја погоди Земјата, се појави во месец февруари во 2013-тата година, кога непознат објект експлодираше над рускиот Челјабинск, со сила од 20 до 30 пати поголема од експлозијата во Хирошима.


Како би ги спречиле идните експлозии од непознати објекти, стручњаците напоменуваат дека уништувањето на астероидите со нуклеарни ракети би можело да биде добар чекор, особено ако се насочени кон малите и средни астероиди или комети.


Од друга страна пак, нуклеарните експлозии во вселената би можеле да предизвикаат поголема штета отколку корист, сметаат некои научници. Тие предлагаат пренасочување на астероидите од нивната матична патека. Таков план е претставен и на конференцијата на НАСА одржана минатата година.

Тим од стручни лица од Ајова предложи разорување на астероидите на начин на кој што тие би биле достигнати уште во длабочините на вселената, а потоа би бил направен експлозивен кратер во кометата, а околу милисекунда после настанокот на кратерот, во истиот би бил поставен нуклеарен експлозив.

Во последните 20 години научниците на НАСА откриваат астероиди поголеми и од еден километар, кои секако би можеле да ѝ наштетат на Земјата, а според известувањето застапеноста на такви астероиди е дури 98 отсто.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О