
Канадскиот полицаец Мајк Тејлор, поминувал покрај автомобилите на една раскрсница и проверувал дали го имаат врзано сигурносниот појас или пак дали зборуваат или го користат мобилниот телефон.
„Интересно е дека добар дел од возачите не ни сакаа да го погледнат бидејќи мислеа дека е уште еден бездомник кој проси“ - изјавил портпаролот на полицијата.
Таквите возачи му ја олесниле работата, бидејќи ако прават прекршок, лесно можел да ги информира колегите кои автомобили треба да ги сопираат.

Операцијата била успешна, а во текот од еден час биле издадени 11 казни.
Полицијата најавува дека акцијата сигурно ќе ја повторат бидејќи тоа е еден од начините за справување со неодговорните возачи.
Акцијата предизвика реакции кај возачите кои сметаат дека полицијата не би смеела да користи вакви трикови.