Ова се најгледаните фудбалски клубови во Европа

На некои од нив не им одеше баш најмногу сезонава, но затоа нивните навивачи им дадоа огромна поддршка.

Борусија Дортмунд можеби минатата сезона не блескаше на теренот, но во секој случај не изостана огромната поддршка од навивачите на „Милионерите“. Избраниците на Јирген Клоп во просек по натпревар ги гледале 80,424 навивачи што е рекорд на стариот континент.

Втор најгледан клуб е апсолутниот шампион во неодамна завршената сезона - Барселона со 77,632 гледачи по натпревар, а следуваат Манчестер Јунајтед (75,335), Реал Мадрид (73,081) и Баерн Минхен 72,882.


Инаку, што се однесува до лидерот во оваа категорија, вреди да се истакне дека Борусија Дортмунд уште сега има продадено дури 54,907 сезонски билети за идната сезона, а на располагање имаат останато уште 93 сезонски билети.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О