Двојно е побогат од Абрамович и сака да го купи Арсенал

Еден од најмоќните луѓе на светот има намера да го купи лондонски Арсенал, пренесуваат британските медиуми.

Нафтата, шеќерот и цементот го направија нигерискиот бизнисмен Алико Дагноте еден од најбогатите луѓе на светот. Нигериецот е моментално двојно побогат од сопственикот на Челси, Роман Абрамович, а британските медиуми пренесуваат дека „Најмоќниот човек од Африка сака да го купи Арсенал“.


Моментално мнозинскиот дел од акциите на Арсенал е во сопственост на Стен Кроенке (66,64%), додека 30% од акциите се во сопственост на Алишер Усманов. Сепак, двајцата споменати бизнисмени немаат намера да ги продадат акциите на Дагноте, но сепак Нигериецот има план.

„Кога ќе почнеме повторно со работа во областа на рафинеријата, тогаш ќе ги имам сите услови да платам толку колку што ќе побараат“, изјави Дагноте, пренесуваат британските медиуми.

Инаку, многумина Дагноте го сметаат за втор најмоќен црномурест човек после американскиот претседател Барак Обама, а неговото богатство се проценува на 12 милијарди фунти.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О