Сон на секој богаташ: Јахта долга како десет автобуси која е толку скапа, што нејзината цена е тајна

При самиот поглед на најновата мегајахта „ Admiral X-force 145“ ќе ви застане здивот. Бродот, кој го гради „Italian Sea Group” ќе има панорамски поглед, динамичен простор, вклучувајќи и прозорци од под до плафон, затворен базен, два хелидроми и ескалатори.


Јахтата, родена во студиото „Добросердов дизајн“, ќе биде долга 145 метри, а ќе има и клуб за забава и спа центар на две нивоа.



Тој дел ќе опфати затворен и отворен базен, лежалки и бар, како и две кино сали на горното ниво, неколку теретани и една гаража.


Луксузно уредениот внатрешен простор опфаќа и спирални скали со рамка од стакло и прозорци од плод до плафон. Очигледно е дека нема да се штеди на луксузот.

Изградбата на јахтата е во тек, а „Italian Sea Group” вели дека нејзината цена ќе биде достапна на барање.



„Поради својот дизајн и распоред, ’Admiral X-force 145’ е една од најимпресивните и највпечатливи јахти во својата категорија и отвара нови перспективи во светот на јахтите“, се наведува во соопштението на „Italian Sea Group”, пишува Daily Mail.





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О