Синди Крафорд ги покажа своите прекрасни наследници

Синди Крафорд покажа какви совршени гени предала на децата Каја и Присли.Супермоделот ги одведе убавите наследници во Хонг Конг, каде претстави линија луксузни часовници.



49-годишната убавица дојде во друштво на 13-годишната ќерка и 15-годишен син, кои се од бракот со Ренди Гербер. Таа се омажи за него во 1998 година, три години по разводот со холивудскиот актер Ричард Гир.

Зашеметувачката Синди е рекламно лице на OMEGA многу години.

Неодамна Крафорд ја прослави 17-годишнината од свадбата со 53-годишниот Ренди, со кого се сметаат за семејство за пример меѓу паровите од шоу-бизнисот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О