Две деца биле распнати од страна на ИСИС бидејќи не постеле за време на светиот месец на Рамазан.
Момчињата, кои веројатно имале помалку од 18 години, пишува британскиотIndependent, биле убиени во Сирија, и нивните тела биле изложени со табли закачени околу нивните вратови, на кои пишувало „криминал“.

За нивната смрт во градот Мајадин, провинцијата Деир Езор, во понеделникот известила Сириската обсерваторија за човекови права, чие седиште се наоѓа во Обединетото Кралство.
Основачот Рами Абдел Рахман изјавил дека жителите го известиле дека телата на децата биле симнати од крст во близина на седиштето на ткн. Исламска држава.
„Децата биле фатени додека јадат“, изјавил Рахман за новинската агенција АФП, додавајќи дека знаците закачени околу нив покажувале дека тие го прекршиле постот без „никаква религиозна почит и оправдување“.

Според Муслиманскиот совет на Британија, барањето за муслиманите да се воздржат од јадење, вода или сексуални односи од изгрејсонце до зајдисонце не се однесува на деца, бремени жени или за постарите и болните или луѓето кои патуваат.
Не е прв пат деца да бидат убивани или измачувани од ИСИС. Во февруари, во извештајот на Советот на Обединетите Нации за правата на децата се забележани „неколку случаи на масовна егзекуија на момчиња, како и случаи на обезглавување, распнување на деца или закопување на истите живи“.
Мајадин е еден од многуте градови во областа Деир Езор окупирани од екстремистичката група за време на војната во Сирија.
Три други распнувања биле пријавени вчера во ал-Касра, уште еден од градовите под опсада на ИСИС во оваа провинција.

Сириската обзерваторија јави дека жртвите се убивани пред нивните тела да бидат изложени, но точните причини заради кои се убивани не се секогаш познати.
Кривичен законик кој беше објавен од страна на екстремистите во јануари набројува голем дел на утврдени казни во рамките на нивните територии низ Сирија и Ирак вклучува „смрт и распнување“ за убиство и кражба.

Но „распнувањата“ од ИСИС сé почесто се пријавувани во изминатата година, како и други грозоморни чинови кои се дел од нивните начини на казнување.
Се чини дека милитантите на ИСИС не ги распнуваат своите жртви со ковање на нивните раце на крстови како метод на егзекуција, туку ги користат крстовите со изложените тела да ги тероризираат цивилите на нивните територии.