Запознајте ја наследничката на Кејт Мос, нејзината 17-годишна сестра

Лоти Мос има 17 години и тргнала по стапките на својата постара сестра.




Лоти поточно е ќерка од вториот брак на таткото од Кејт Мос, па оттаму и големата разлика во години. Таа веќе со години се обидува да изгради кариера на модел. На крајот и` помогнала постарата сестра, па Лоти станала дел од модната агенција "Storm Model Management", со која и Кејт има договор.





Лоти е најниската манекенка која ја ангажирала таа агенција, со оглед на тоа што е висока само 165 центиметри, што не се вклопува во стандардите на манекенскиот свет. Ниту Кејт Мос не ги исполнува сите стандарди во светот на моделингот, па сепак стана една од најпознатите светски манекенки.



Останува да видиме дали помладата Мос ќе го доживее успехот на нејзината планетарно позната сестра Кејт.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О