„Ахмети и јас на состанокот со Хан и останатите лидери ќе излеземе со заеднички став, иако од тоа не може да произлезе нешто сериозно бидејќи проблемот е во македонските лидери“, рече Тачи, пренесува Балкан веб.
Тачи додаде дека тој и Ахмети сметаат дека Македонија треба да го промени името, со тоа што новото име не смее да има никаков „словенски“ префикс ниту суфикс за да влезе во НАТО.

Додава дека оставките на претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ министрите за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за транспорт Миле Јанакиески, како и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијаклов, не се последица од настаните во Куманово од 9-ти мај, кога во судир со поголема вооружена група составена претежно од државјани на Косово загинаа осум македонски полицајци и десет напаѓачи кои македонските власти ги квалификуваат како терористи, а над дваесет беа заробени.
„Тие оставките ги поднесоа поради аферата со прислушувањето (меѓу другото и на премиерот и министрите, којашто ја обелодени СДСМ, тврдејќи дека станува збор за активности на Владата –з.м.), а не поради Куманово“, изјавил Меднух Тачи.
Запрашан зошто ниеднаш не отишол во Куманово, од судирот со терористите и македонските безбедносни сили, Тачи вели дека „Не сакав да постапувам како (челникот на СДСМ, Зоран) Заев кого го пречекаа 200 луѓе. Да отидов тамо, мене ќе ме дочекаа пет илјади жители“.