Груевски: Жалам што не успеавме да завршиме цел мандат

"Жалам што не успеавме и не ни беше овозможено да завршиме еден цел мандат", рекол Груевски во изјава за телевизија "Сител".

Договорот постигнат вчера на средбата со Јоханес Хан, македонскиот премиер го оценил како “позитивен импулс за политичката состојба”.

Македонскиот премиер Никола Груевски, во изјава за Сител рекол дека одлуката за предвремените избори во април била донесена на основа на интересите на граѓаните за обезбедување на економски развој и реализација на проектите. Груевски додал дека му е многу жал што Владата не успеала да заврши еден цел мандат, и на тој начин да ги заврши сите проекти.



“ Хендикеп е во овој период што граѓаните не можат да видат како изгледа еден целосно завршен мандат на ВМРО-ДПМНЕ со сите завршени проекти и жалам што во овој период не успеавме и не ни беше овозможено во целост да го завршиме мандатот и да ги покажеме нашите перформанси и учинок пред граѓаните после четири години мандат. Ние сме свесни дека на граѓаните им е преку глава од предвремени избори и тие сакаат да видат целосно завршен мандат на оваа Влада и поретко избори”, изјавил Груевски за телевизија Сител.

Премиерот додал дека со одлуката да прифатат предвремени избори, покажале дека веруваат и се цврсто убедени дека граѓаните ќе ја одберат вистинската опција, а не "несигурност, деструктивност и ширење на омраза заради личен интерес".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О