Тинејџерката Мејси Мартинез од Тексас станала жртва на необична несреќа. Имено, таа била дома со родителите затоа што локалните власти ги пердупредиле жителите на можно торнадо. Во еден момент одлучила да појде во кујната по јадење затоа што огладнела, но таму ја пречекало непријатно изненадување – ја удрил гром точно кога ја фатила рачката од фрижидерот.
Нејзината мајка ги опишала овие ужасни моменти на страницата „ Go Fund Me“.
„Одеднаш слушнав звук како експлозија и Мејси како вреска, а во животот не сум слушнала поужасно врескање. Во целата куќа снема струја, па така не можевме добро да видиме што се случува. Кога стигнавме до неа, таа врескаше и се тресеше“, опишала мајката на несреќната тинејџерка.
Таткото сфатил што се случува и итно ја одвоил ќерка си од изворот на струја, па поради тоа и самиот претрпел изгореници. Тоа бил единствениот начин затоа што струјата која во тој момент „течела“ низ Мејси била толку силна што на моменти ја парализирала.
„Врескаше без престан, многу се тресеше, а куќата цело време ни беше во целосен мрак. Не можев да видам дали крвари, и самата плачев и се тресев затоа што бев беспомошна. Не можев да му помогнам на сопственото дете“, опишала потресената мајка која ја објавила приказната на Gofundme.com затоа што собирала средства за скапото закрепнување низ кое треба да пројде Мејси.
Семејството преживеало, но таткото и ќерката претрпеле повреди. И двајцата подоцна како последица чувствувале боцкање во телото, а на Мејси ѝ бил дијагностициран секундарен струен удар и привремена парализа. На грбот ѝ останала рана за која се верува дека е местото низ кое струјата излегувала од телото.
Подоцна раскажала дека тоа ѝ било најболното искуство во животот.
Таткото поминал малку подобро, со послаби изгореници на рацете. Се претпоставува дека сред невремето струјата од громот кој удрил во земјата, преку разните кабли дошла во куќните апарати и така допатувала до Мејси.