Јaguar Land Rover го претстави прототипот на Range Rover Sport кој има далечинско управување. Тоа значи дека луксузниот теренец ќе може да се управува дури и кога возачот не е во кабината и тоа со помош на апликацијата која преку смартфонот го контролира управувањето, педалот за гас и сопирачката.
Од компанијата велат дека оваа технологија ќе им овозможи на сопствениците да маневрираат со својот автомобил во предизвикувачки ситуации на безбеден начин или пак така да совладуваат тешки офроуд терени.
Возачот преку мобилниот ќе може да го паркира својот Range Rover или пак да го извади од паркингот, ако некое друго возило е премногу блиску и ги блокирало вратите.