Според резултатите од истражувањето на компанијата Mercer, објавена е листата на најчисти градови за 2014 година. Најчист град во светот е Калгари во Канада, а по него следат Хонолулу, Минеаполис, Кобе и други, пренесува Guardian.
Истражувањето било базирано според пет фактори за хигиена: достапност и питкост на вода, отстранување на смет, квалитет на канализациониот систем, загаденост на воздухот и сообраќајниот метеж. Интересно е што отпадоците на улица, што обично се сметаат за показател на хигиената во некој град, не се земени во обѕир.
Ова е листата на десетте најчисти градови во светот:
10. Фрајбург, Германија
9. Осло, Норвешка
8. Хелсинки, Финска
7. Велингтон, Нов Зеланд
6. Копенхаген, Данска
5. Кобе, Јапонија
4. Минеаполис, САД
3. Хонолулу Хаваи, САД
2. Аделејд, Австралија
1. Калгари, Алберта, Канада