Пет теории на заговор кои на крајот испаднало дека се вистинити: Се обидувале да ги сокријат, но тајните се откриени!

Теориите на заговор понекогаш звучат навистина налудничаво. Но, тоа не значи и дека се и секогаш лажни.


Од нападите на САД врз непостоечки непријател, до "контрола на умот", овие пет нешта долго време се сметале за теории на заговор, но сепак се испоставило дека се вистинити.

1. САД отвори оган на виетнамските торпедни бродови кои не постоеле

Во ноќта на 4-ти август во 1965-тата година американскиот брод USS Maddox учествувал во борба против воените бродови во Северен Виетнам. Единствен проблем е тоа што тие торпедни виетнамски бродови не постоеле. Или пак не постоел таков напад. Maddox пукал буквално во ништо, но поради тој инцидент ситуацијата ескалирала.


Американскиот претседател Линдон Џонсон изјавил дека најмалку два непријателски бродови биле потопени, а за успешната акција известувале и американските медиуми. Теоретичарите на заговори од почетокот сметале дека се работи за напад "под лажно знаме". И биле во право, судејќи според декласифицираните документи.

2. FBI следел бројни политички групи како би го срушил комунизмот во САД

Кога не се занимавал со истражување на злосторства, FBI под директива на Џ. Едгар Хувер, се обидувал да го спречи ширењето на комунизмот во САД. Истражување и малтретирање на различни политички групи, под противизвестувачкиот програм COINTELPRO, многумина направи да бидат параноични. Иако никогаш не можеа да бидат сигурни во тоа, многу активисти се сомневаа дека FBI ги следи.

Во книгата "Соединети држави параноја", Џес Вокер пишува дека FBI агентите се инфилтрирале во политичките групи и ширеле гласини дека вистинските членови се всушност агенти. Се обидувале активистите и да ги отпуштат од работа. Не се занимавале исклучиво со левичарски или комунистички организации, туку и со различни групи ангажирани на подрачјето на човечките права. Сето ова најверојатно и би останало на ниво на теорија на заговор ако во 1971-вата година група од антивоени активисти не навлегле во ризницата на документи од FBI при што пронашле и документи кои што ги потврдиле овие наведувања.


3. Воениот врв на САД планирал да убие невини луѓе и за тоа да ја обвини Куба

Откако што пропаднала инвазијата во Заливот на свињите со која САД се обиделе да го соборат Фидел Кастро, американските генерали се досетиле на една прилично бизарна идеја. Планот под називот "Operation Northwoods" писмено бил одобрен и од сите членови на Здружениот стожер и му бил претставен на Роберт Мекнамарa, министер за одбрана во времето на претседателот Кенеди. Цивилното водство го одбил и бил таен 40 години.

Дел од тој план била и идејата да се разнесе брод во пристаништето во Мајами или во другите градови во Флорида, па дури и во Вашингтон, за што потоа би била обвинета Куба, која планирале да ја обвинат и за киднапирање на авион или лажно рушење на цивилен или воен авион.


4. CIA регрутирала познати новинари како би собирале информации и би ширеле пропаганда

Регрутирањето на новинарите започнало во 1950-тата година среде Студената војна кога CIA им пристапиле на водечките американски новинари како би влијаела на јавното мислење, но и би собирала корисни информации. Новинарот Карл Бернстајн во магазинот Rolling Stone во 1977-мата година напишал – "Некои од тие односи на новинарите со Агенцијата биле премолчени, а некои експлицитни."

Бернстајн пишува дека уредниците ги поделиле вработените по задолженија и дека новинарите буквално служеле како посредници помеѓу Агенцијата и тајните агенти во комунистичките земји, собирале информации и слично.

5. CIA спроведувала експерименти за "контрола на умот" во САД и во Канада

Ова е веројатно една од најшокантните теории на заговор за која што се испоставило дека е вистина.


Целта на програмот за "контрола на умот" бил развој на биолошко и хемиско оружје во текот на Студената војна, а целиот програм бил именуван како MKUltra. Над луѓето во САД и во Канада биле извршувани експерименти со кои се обидувале да го тестираат дејството на хипнозата, способноста поединци да издржат мачење и присила и испитувања при таканареленото "перење на мозок". Некои од тие експерименти завршиле со смрт.


На луѓето биле вршени тестови со кои се обидувале да предизвикаат амнезија или шок и збунетост на подолго време, па дури и телесни оштетувања, како на пример парализа на нозете и слично. Во текот на оваа програма CIA соработувала со повеќе од 80 институции како што се болници, затвори и универзитети.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О