Продолжува да ги изненадува фановите: Гага го покажа задникот во зелена танга

Пејачката во својот преполн распоред си дозволила и неколку слободни денови, кои ги минува на Бахамите. Таа на Инстаграм се фали дека си поминува одлично.

Од почетокот на неделата, 29-годишната Лејди Гага се забавува на Бахамите. Дека одбрала одлично место за одмор и релаксација покажуваат и фотографиите кои секојдневно ги споделува на Инстаграм.


Пред неколку денови објавила фотографии во бикини, а не ги разочарала своите фанови ни сега. Позирала во зелено мини бикини свртена со грб, па на фановите им дала јасен поглед на својот задник, пренесува EOnline.

Иако веќе некое време била на мета на корисниците на интернет, бидејќи наводно се здебелила, личниот тренер на пејачката вели дека таа е личност која многу го сака своето тело.


"Таа сака да јаде, ги сака сите видови на италијанска храна, сака салати, и јапонски специјалитети", открил Харли Пастернак.

Харли додал дека Лејди Гага е секогаш фит, но се потсетил на периодот во 2013-тата година, кога ги одложила настапите бидејќи го повредила колкот.

"Тогаш не можеше да вежба, па телото ѝ изгледаше поразлично. Се чувствуваше лошо поради тоа, но кога почна повторно да вежба, не ѝ беше потребно долго време да се врати во форма", заклучил тој.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О