Од гледна точка на поранешен олигарх: Судирот меѓу Западот и Русија - е лажен!

Судирот на рускиот претседател Владимир Путин со Западот е лажен и има за цел да ја заштити руската владејачка елита со одвлекување на вниманието од корумпираниот систем, рекол некогашниот руски олигарх, сега дисидент, Михаил Ходорковски.

"Актуелниот судир со Западот е апсолутно лажен. Студените односи се смислени од руската елита која сака да ја задржи власта", рекол Ходорковски на трибината во Атлантскиот совет во Вашингтон, пренесува Tanjug.

Според неговите зборови, на официјална Москва "очајно ѝ е потребна слика од непријател, која ќе го одвлече вниманието на жителите за корупцијата и неефикасноста која постои во власта", пренесува Reuters.

"Во Русија е изграден таков систем, каде што секоја одлука може да биде наеднаш променета поради една личност, која не е под контрола на било каков внатрешен политички механизам", тврди Ходорковски.


Ходорковски оценува дека во интерес на Путин е да се "замрзнат судирите" во источна Украина, и го предупредил Вашингтон за можното праќање на оружје во оваа земја, " бидејќи повеќето Руси веруваат дека војната во таа Украина се води меѓу Русија и САД".

"Оваа ситуација ќе продолжи да се развива во оваа насока, доколку почне да се праќа оружје во Украина. Тогаш ќе имате прашање за тоа дали САД се подготвени да влезат во војна и да победат, а доколку не, ќе се мисли дека Америка ја изгубила војната", рекол Ходорковски.



Империјата на овој некогашен руски тајкун ја вклучувала и нафтената компанија "Јукос", која произведувала повеќе нафта отколку Катар, пред Ходорковски да биде уапсен и осуден за измама и затајување на данок.

Путин го помилувал Ходорковски во декември 2013. година. Тој сега живее во Швајцарија, но е еден од најгласните критичари на рускиот претседател.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О