Хорор: Киднапираат сè повеќе деца, а потоа ги кастрираат или им ги отсекуваат главите

Сè поголем број деца се киднапирани на пат кон училиште, бидејќи угандиските гатачи успеале да ги уверат богаташите дека принесувањето на тие жртви ќе им го зголеми богатството.

Гатачите во Уганда секоја година жртвуваат стотици деца, откако ја убедиле суеверната елита дека благодарение на осакатувањето на најмладите ќе бидат уште побогати. Она што е уште пошокантно е фактот дека се очекува овие грозни злосторства против децата уште повеќе да пораснат, како што се приближуваат изборите во Уганда во 2016 година.

Богатите бизнисмени се подготвени да им платат на традиционалните „исцелители“ илјадници евра со цел да ги уловат сиромашните деца и да принесат како жртва различни делови од нивните тела, за кои веруваат дека ја лекуваат импотенцијата и ја зголемуваат плодноста. Овие „лекари“ им ги отстрануваат екстремитетите или половите органи на децата, откако ќе ги киднапираат на пат кон училиште или кога одат по вода за своите семејства, пишува Daily Mail.



Осакатените детски остатоци обично ги пронаоѓаат после некое време во училишта или на градилишта. Суровите врачеви не ги користат деловите од телата за да направат „волшебна напивка“, туку тврдат дека им ги „нудат“ како жртва на духовите кои потоа ги тераат брутално да ги повредат.

Во февруари, владата на Уганда развила Национален план на акција за спречување на убиства, и одобрила закон според кој треба да се регулира работата на гатачите, од кои некои се изјаснувале дека се вистински лекари.


Но, луѓето кои се подготвени да платат по неколку илјади евра за овие болни ритуали речиси никогаш не завршуваат пред лицето на правдата, затоа што имаат добар „грб“ кој ги штити. Од друга страна, момчињата кои доживеале кастрација обично се мачат со несакани ефекти во форма на згрутчување на крвта, опасно намалување на густината на коските и повреди на `рбетот до крајот на животот.

Досега ова е неуништива пракса, без оглед на трудот

Многумина истакнуваат дека верувањата во Уганда се толку длабоко вкоренети во опшеството, па многу е тешко дека било што може да ги наведе луѓето да го променат своето мислење. Во исто време, луѓето активисти тврдат дека ова бесмислено убивање ќе продолжи затоа што со него управува алчноста, а не традицијата.


„Тоа е одвратно злосторство против децата, предизвикано од суеверие, религиски убедувања, магии и екстремна сиромаштија“, вели основачот на кампањата Jubilee, кој ги дкументирал овие злосторства. Тој додал и дека сите Угандијци ќе ви речат дека оваа пракса е раширена во целата земја.

На пример, седумгодишниот Алан Сембати бил киднапиран на пат од училиште недалеку од најголемиот град на Уганда, Кампала. Двајца мажи го држеле на патот, додека напаѓач со мачета прво му направил долги резови по вратот и рамениците, пред да го исече на главата. Откако момчето се онесвестило т.н. исцелител му ги здробил тестисите пред целосно да му ги отсече.


Телото на момчето било фрлено во грмушки и набрзо било пронајдено без свест, како лежи во локва крв. Веднаш го однеле во болница во која докторите морале да се соочат со ужасен обид на „крпење“ на скршен череп.

Иако некако го „сошиле“, раните биле толку лоши што паднал во кома еден месец и претрпел мозочен удар кој за малку ќе го плател со животот, а после тоа останал без можност за користење на левата нога.


Пред тој трагичен настан, Алан бил нормално, среќно момче кое уживало во играње со пријателите и кој сакал да оди на училиште. После сè, не само што носи физички потсетници на она што му се случило, туку се бори и со психички последици од тој ужас.

Алан често имал напади на паника и плачел во сон во кој редовно го следеле ужасни ноќни мори после траумата која ја доживеал. Неговиот татко бил присилен да ја напушти работата и да почне да работи тешки физички работи за да може да ја плаќа скапата хормонска терапија за својот син.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О