Десет интересни факти за Северна Кореја

Колку точно знаете за една од најконтроверзните земји на светот?

Од време на време веројатно слушате и по некоја нова информација за состојбата во Северна Кореја, за нејзиниот водач и луѓето кои што бегаат од таа земја. Но, колку основни факти знаете за оваа затворена држава која повеќето од нас, без разлика дали сакаме тоа да го признаеме или не, сепак нè фасцинира?


Дел од нив ги пренесе токму Business Insider:

1. Во Северна Кореја постојат 28 дозволени фризури. Поточно жените можат да бираат помеѓу 14 различни стилови на уредување на косата.

2. Северна Кореја е четврта најголема воена сила на светот – 1.19 милиони луѓе служат во нивната војска, додека САД на пример имаат 1.369 милиони војници.

3. Стапката на писменост изнесува 100 отсто.


4. На коњакот Hennessy се трошат 1.2 милиони долари годишно.

5. Триесет и три отсто од децата се хронично неухранети – помош во вид на храна е неопходна за шест милиони жители.

6. Помалку од 20 отсто од земјата може да се обработува во земјоделски цели.


7. Бруто домашниот производ изнесува 40 милијарди долари.

8. Бруто домашниот производ по жител е 1.800 долари, додека во САД изнесува 51.784 долари.


9. Земјата е покриена со 25.554 километри патна мрежа, но помалку од 3 отсто од тоа е асфалтирано.

10. Северна Кореја е малку поголема од Бугарија, т.е. голема колку и американската држава Пенсилванија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О