ЈУ-еротика: Девојките со гордост се соблекувале за списанието "Старт"

Иако имало квалитетна содржина, списанието "Старт" било најпопуларно поради насловната страна со голи девојки. Списанието се печатело во 70-тите и 80-тите години.


Во времето кога не можело да се видат голи жени како денес, "Старт" бил дозата за голотија меѓу читателите ширум Југославија.



Списанието излегувало вo Загреб во 70-тите и 80-тите години, а со своите насловни страни потсетувало на светските магазини за мажи, пред сè "Playboy".



Иако не било прво кое промовирало голотија, а ниту последно, "Старт" со своите прикази на жените, на кои без проблеми се гледале и срамни влакна, отишле чекор понатаму од сличните домашни списанија. Жените ги фотографирал Иван Балиќ Кобра, кој самиот ги пронаоѓал моделите.



"Носев девојка во редакцијата, за да ја види главниот уредник. Доколку му се допаѓаше, јас ќе прашав колку ќе ја плати, а потоа му велев да додаде уште малку. Тоа беше наш трик за да стекнеме доверба кај девојките", рекол Кобра, пред чиј објектив се соблекла и Славица Еклстоун, тогаш Радиќ кога имала 23-години, пишува24.sata.hr.

Тој додал дека не било многу тешко да се пронајдат девојки за фотографирање.



Првата која се фотографирала била Новосаѓанката Нада во 1975-тата година. Тогаш таа едвај имала 20 години и танцувала во ноќен клуб во загрепскиот хотел "Esplanada".



"Старт", освен голотијата, нудел и интервјуа од културата, но и контроверзни теми кои се занимавале со политиката во Југославија, посебно кон крајот на 80-тите години. Списанието згаснало во 1990-тата година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О