Обилните дождови неодамна направиле вистински хаос во престолнината на Грузија, а голем број на животни побегнале од Зоолошката градина која била целосно поплавена.
"Лавот од зоолошката градина во Тбилиси убил маж во близина на централниот плоштад", изјавила за AFP портпаролката на министерството.
Според нејзините зборови, специјалните полициски сили трагаат по лавот.
Во поплавите кои вечерта помеѓу 13-ти и 14-ти јуни го зафатиле главниот град на Грузија, животот го загубиле најмалку 16 лица.
Водата во Тбилиси и на периферијата, потопила повеќе од сто приватни домови, подземни премини и плоштади, а повеќе од 40 семејства во центарот на Тбилиси останале без покрив над главата.
Се излила и реката Вера, поради што бил поплавен дел од зоолошката.
Меѓу животните кои побегнале од своите кафези има лавови, тигри, мечки, волци и еден нилски коњ. Некои биле успани и вратени во зоолошката, некои биле убиени од страна на полицијата, а некои се сè уште на слобода.
Escaped lion from flooded Tbilisi zoo 'kills man', reports say http://t.co/K9Cr9WG0dN pic.twitter.com/0lwBPnv519
— Daily Mirror (@DailyMirror) June 17, 2015