„Сексот и Сахара”: Запознајте го африканското племе кое ќе ви ги урне сите предрасуди

Племето Туарег, кое со векови е населено во сахарскиот дел од Африка, само на прв поглед личи на едно номадско племе. Кога ќе се зачекори во нивниот свет, се наидува на слобода, која ниту либералните западни култури не ја прифаќаат. Носители на таа слобода се жените, муслиманки кои не го сокриваат лицето и кои не ја зауздуваат својата сексуалност. И тоа е само почеток.

Жените се сопственици на куќи, животни и се разведуваат без чувство на срам


Жените се истакнати членови на племето Туарег, имаат свои куќи и свои животни, што дополнително ја симболизира нивната самостојност, пишува Daily Mail.

„Животните се се` што имаме, го пиеме нивното млеко, го јадеме нивното месо, ја користиме нивната кожа, тргуваме со нив. Кога животните ќе умрат, и ние ќе умреме“, раскажал еден припадник на племето во интервју за новинарот Питер Гвин.

На жените им е дозволено пред бракот да имаат партнери колку што сакаат. Единственото правило кое мора да го следат е правилото на приватност, а кое подразбира мажот во куќата на жената доаѓа кога е мрак, а нејзиниот дом го напушта пред разденување.


Семејството на девојката цело време се однесува „како ништо да не се случува“. Ако девојката после романтичната ноќ посака нов партнер, таа желба и` се исполнува. Поради ваквата пракса голем број на девојки, целосно изедначени со мажите, подоцна стапуваат во брак.

Но, врските пред брак не се само сексуални. Пракса е момчињата да им пишуваат романтични песни на девојките, внимателно одбирајќи го секој збор. Тие им возвраќаат со иста мера, па заедницата Туарег изобилува со некоја, за модерниот свет заборавена романтика.

Жените остануваат слободни и кога ќе стапат во брак, доколку одлучат да се разведат, ништо не им стои на патот.

Завршувањето на бракот не ги лишува од куќа, која останува во нивно сопствеништво. Децата исто така после разводот им се доделуваат на мајките, кои се центар на секое семејство. Мажот после разводот се враќа во домот на својата мајка, најчесто со една камила. И со ништо повеќе.

И ако можеби помисливте дека разводот во светот на ова племе е срам, се лажете. Семејството на разведената жена прави забава во чест на нејзиниот развод и со тоа им се дава до знаење на останатите мажи дека таа е повторно слободна.

Врвот на сосема посебната положба на жените е фактот дека мажот, доколку не е нејзин партнер, не може да јаде пред неа.


Убавината постои за да се покаже

Ова племе пред прифаќање на Исламот, верувале во кралицата Тин Хинан од четвриот век. денес како припадници на муслиманската вероисповед се издвојуваат од останатите припадници на оваа религија.

„Жените се преубави, ние сакаме да ги гледаме тие лица“, рекла фотографката Хенриета Батлер, која во 2001 година го запознала ова племе и се воодушевила од нив.


Сепак, ова не е матријархат

Колкава и да е слободата на жените, најголемата моќ во донесување главни одлуки за заедницата ја имаат мажите, но мислењето на жените се слуша со голема почит. Познавачите на ова племе истакнуваат дека жените делуваат зад сцената, со влијание врз мажите кои ги приваќаат нивните сугестии.

И за мажите се врзува една особеност – ги нарекуваат сините мажи од Сахара. Тоа име потекнува од нивната голема љубов кон индиго бојата со која е обоена нивната облека.

Но, антрополозите и културолозите стравуваат дека со тек на време ова племе ќе се откаже од своите карактеристики, а се забележува дека одредени жени носат хиџаб. Времето ќе покаже дали посебниот свет на ова племе ќе издржи под нападот на другите култури.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О