47-годишниот Годрфи Багума, познат и како Себаби, што значи "најгрд од сите", пати од ретка медицинска состојба поради која изгледа како што изгледа, но тоа не го спречува да живее нормален живот.
Тој се оженил со втората жена, 30-годишната Кејт Наманда во 2013-тата година. Двајцата имаат пет деца, додека од претходниот брак Годфри има уште две. Сега со Кејт го добиле и шестото дете.
Поранешната сопруга ја фатил во неверство и одлучил да стави крај на бракот.
"Ме сакаше само поради парите, а луѓето цело време ѝ велеа дека може подобро, па почна да се гледа со друг маж", рекол тој.
Себаби потоа преку својата тетка ја запознал Кејт, која во тоа време имала 18 години.
"Бев со неа четири години, пред нејзините родители да дознаат каде е. Не сакав да ме видат пред да го добиеме првото дете, бидејќи ќе ѝ кажеа да ме остави. Ме остави во шестиот месец од бременоста, но по два месеци ми се врати. Реков дека не одбрав јас како да изгледам и дека може да си оди доколку ме чувствува како товар", вели тој.
Сепак таа одлучила да остане со него, и во 2013-тата година се венчале. Гостите на венчавката морале да платат по 4.000 угандски шилинзи или едно евро, за да присуствуваат на церемонијата и да ја видат избраничката на Себаби.