Момче со БМВ се забило во бетонска ограда, еден загинат, двајца тешко повредени


Во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во 21.40 часот на магистралниот пат Градско - Прилеп на крстосницата кон село Сирково, поточно на бензинска пумпа Црна Река Петрол, едно лице загина, а двајца се тешко повредени.

Несреќата се случила кога автомобил БМВ со кавадаречки регистерски ознаки удрил во бетонска ограда.

Како што изјави Анита Стојковска, портпарол на велешката полиција „во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот и двајцата сопатници од село Сирково на возраст од 17 и 20 години. Трите повредени лица се пренесени во Ургентен клинички центар Скопје, каде возачот Благоја Д. (22) од село Сирково им подлегнал на повредите“.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител од ОЈО-Кавадарци и увидна екипа од полицијата, јави МИА.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О