Љубовни грешки што не треба да си ги дозволите

Во текот на животот ќе сретнете личности што ќе ве освојат, повредат и преку кои ќе научите важни лекции. За да бидете поспокојни, внимавајте на работите што зависат од вас, бидејќи врз останатото и онака нема да можете премногу да влијаете.



1. Истрчување со заклучоци

Ова е грешка што најчесто се случува на почетокот од врската. Не се познавате меѓусебно, не знаете што кому му смета, карактерните црти и навиките, па затоа многу е возможно да се истрчате со заклучок за работа која нема никаква основа. Имајте трпение во почетокот, тоа што некој не ви се јавува тогаш кога сте намислиле вие или не реагира на работите исто како вас, не значи незаинтересираност. Некои луѓе имаат поинакви навики и функционираат поинаку.

2. Мислењето на другите

Ова не значи да ги игнорирате советите на луѓето што ви мислат добро. Но, не дозволувајте некој друг да ја прави процената наместо вас. Вие сте тие што треба да ја прочитате личноста и да видите дали сте еден за друг. Немојте да судите пребрзо и да отпишете некого без да дадете шанса.

3. Заборавите на себе

Вие сте личност со став и карактерни црти преку кои останатите ве препознаваат. Затоа, немојте да дозволите вашата личност комплетно да се изгуби штом започнете љубовна врска. Врската доколку е функционална треба да направи да се дополнувате еден со друг, а не едниот целосно да се покорува на волјата на другиот и комплетно да заборави на себе.

4. Заборавите на пријателите

Заљубени сте, сакате да минете што е можно подолго време еден со друг, но тоа не значи комплетно да заборавите на пријателите. Тоа се личностите што биле покрај вас кога сте биле осамени и ве познаваат подобро од било кој. Навистина е неблагодарно да ги оставите зад себе штом ви се случи некоја добра работа.

5. Недостижност

Малку мистерија на почетокот е добредојдена, но немојте да претерате со заведувањето. Доколку се претставите себеси како преголем залак, веројатно така и ќе ве доживеат, па можно е да уништите нешто што има потенцијал. Запрашајте се себеси колку вие лично би толерирале некој што постојано ве одбива.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О