Поради вишок килограми манекенката не стана ангел на Victoria’s Secret, а еве како живее со тоа

22-годишната Кара Делавињ е меѓу водечките супермодели во светот. Позната по својата специфична убавина, но и по бунтовното однесување, оваа девојка не ги сака правилата. Па така и она непишано правило дека манекенките „бегаат“ од брза храна го крши со големо задоволство.

Девојка која јаде хамбургер не би требало да биде чудна глетка, но кога станува збор за манекенка, тогаш тоа станува малку неочекувано.



Кара Делавињ минатата година пропушти да учествува на ревијата од Victoria’s Secret во Лондон. Имено, оваа модна куќа ја одбила Кара затоа што манекенката била дебела за нивните стандарди. Но, симпатичната русокоса не се грижи поради одбивањето. Не се откажува од омилената храна, без разлика што тоа не им се допаѓа на некои модни куќи.


Инаку, манекенката со бунтовничка природа отворено проговори за својот приватен живот во неодамнешно интервју за „Vogue”.


Кара потврдила дека гласините околу тоа дека е во врска со Ени Кларк се точни, Сепак, Кара која беше во врска и со актерката Мишел Родригез, тврди дека не и` било лесно да се соочи со својата бисексуалност, а и нејзиното семејство поминувало низ многу тежок период.


„Ми требаше многу време да се помирам со своите чувства, се` додека не се заљубив во девојка кога имав 20 години“, рекла Кара.

Родителите на Кара се убедени дека станува збор само за минлива фаза од животот, кога станува збор за нејзиниот однос со жените. „Жените ме инспирираа, но и ме повредија, особено мојата мајка“, рекла Кара.



Нејзината мајка Пандора со години се борела со зависност од хероин, што оставило големи последици врз младата манекенка. За да се избори со сето тоа и самата посегнала по дрога, пушела марихуана за барем на тој начин да побегне од реалноста.


Кара признала дека веќе на 15 години патела од депресија и земала лекови кои не и` помагале. Тогаш ја започнала својата модна кариера, со бескрајни забави, опивање и дрогирање. Почнала и да се самоповредува.


Но сега, вели дека манекенството го смета за само еден чекор кој ќе ја приближи до она што навистина го сака, а тоа е глумата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О