Другата вистина за Плејбој вилата: Хефнер одговорил на обвиненијата на поранешната зајачица

Сопственикот на Плејбој се огласил по повод наводите кои во својата автобиографија ги изнела Холи Медисон.

89-годишниот Хју Хефнер е опишан како "патетичен и насилен манипулатор и лош љубовник" во мемоарите на некогашната плејбој зајачица.


Таа навела дека животот во славната вила бил до толку депресивен, што дури и помислувала на самоубиство, додека сексот со Хефнер го опишала како најголемо разочарување во својот живот.


Хефнер сега се огласил по тој повод, и истакнал дека Холи тоа го измислила, со намера да остане во центарот на вниманието на јавноста.


"Во мојот живот имав многу романтични врски со прекрасни жени. Некои од нив подоцна изградија среќни, здрави, продуктивни животи, и среќен сум што можам да кажам дека и денес сме блиски пријатели. За жал, постојат и мал број такви кои решиле да ги изменат фактите за да привлечат внимание", рекол тој.


35-годишната Медисон сега е омажена и има 2-годишна ќерка, а Хефнер го запознала пред 15 години. Тогаш била келнерка која се откажала од средно училиште, и била во диско со своите пријатели кога Хефнер ѝ пришол.


Во книгата Холи тврди дека ѝ понудил дрога, а кога станала една од зајачиците ѝ забранувал да има контакт со надворешниот свет.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О