
Моторот произведува 115 коњски сили и развива 200 Nm максимален вртежен момент, а силата се пренесува преку 6-степениот мануелен менувач или преку 7-степениот DSG автоматски менувач со двојна спојка.
Без оглед на тоа кој менувач е избран, Volkswagen тврди дека просечната потрошувачка во комбинираниот режим изнесува 4,3 литри на 100 километри.

Golf TSI BlueMotion до 100 километри на час забрзува за 9,7 секунди, а максималната брзина му е 204 километри на час. Освен економичниот мотор, заслуга за малата потрошувачка има и подобрената аеродинамика, пониското лежење, како и специјално дизајнираните 15 инчни алуминиумски тркала.

Дел од стандардната опрема на моделот е и start/stop системот, технологијата за зачувување на енергијата од сопирањето, електронската блокада на диференцијалот и слично.
Почетната цена во Германија е 20.450 евра.