Смртоносна амеба: 14-годишно дете се капело, амеба му го изела мозокот!


Малиот Хантер потиштен се вратил од капење во вторникот, истата вечер паднал во кома, а вчера починал.

14-годишниот Хантер Боутејн, момче од Александрија во американската сојузна држава Минесота, починал затоа што мозокот му го изела амеба со која се заразил додека се капел во езерото Миневаски.

Детето заминало во популарното летувалиште на Миневаски во вторникот и се вратило потиштено. Вечерта паднало во кома, а вчера починало, соопштило семејството, пренесува Sky News.


Лекарите потврдиле дека смртта настапила поради инфекција на мозокот, која ја предизвикува амебата "Naegleria fowleri", која живее во топлите и слатки води. Амебата обично влегува во телото преку носот, а предизвикува главоболка, температура, повраќање и вкочанетост. Секундарните симптоми се збунетост, халуцинации, недостаток на внимание, губење на рамнотежа и напади.

Овие инфекции ретко се случуваат - во минатите 10 години во САД биле регистрирани само 35 случаи од зараза со таа амеба.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О