Истрагата ќе покаже дали мајката навистина со автомобилот слетала во езерото и се убила себе и детето. Доколку е тоа точно, психолозите објаснуваат што ѝ се случило и во каква состојба била, пишува "24sata"
Психологот Мијо Милас е во тотален шок. Како човек силно ме погодуваат тие црни вести. Сега само го менувам програмот, вели Милас. Сепак, кратко дал свое мислење, нагласувајќи дека за случајот може да зборува само начелно, бидејќи вистината ќе се открие дури по истрагата. Милас зборувал за писмото на Фејсбук. Повик за помош - "Се гледа дека е составено во многу смирена состојба. Стилски е убаво напишано. Доколку земеме во предвид дека убиството секогаш е свртено кон животот, таа порака всушност била плач за помош. Таа одела само кон една цел. Не гледала ништо друго ", рекол Милас и додал: "Таа е зрела жена, но детето не е виновно за ништо". И психологот Александра Миндољевиќ Дракулиќ одговарала генерално, бидејќи не го познавала семејството. "Некои теории кои ја објаснуваат склоноста кон самоубиство зборуваат за тоа дека самоубиството е всушност прекриено убиство, односно дека никој не се убива самиот доколку претходно не посакал да убие некој друг. Така, желбата да се убие е често во тесна врска со желбата да се биде убиен", вели Миндољевиќ Дракулиќ, додавајќи дека причина би можеле да бидат семејни проблеми. Доколку се тие поврзани со претходни искуства од детството и гените, ризикот од самоубиство е поголем. Одлука од одмазда - Спиро Јановиќ за 24sata рекол дека кај самоубиството и убиството во семејството, во основата на деструктивното однесување најчесто е лична повреда. "Понекогаш лицето во криза станува чувствително на траума, загрозување, но и губење на почитта, па реагира деструктивно. Во таа смисла секој има своја "точка без враќање"", вели Јановиќ. Самоубиството и убиството се тогаш одбрана од вистински или замислени закани. "И тогаш најчесто жртви на убиство се членови на најтесното семејство", објаснува психијатарот, без притоа да навлегува во конкретниот случај, како ни Небојша Буџановац. "Доколку состојбата на депресија трае подолго, лицата го губат здравиот поглед кон светот. На вакво најлошо можно сценарио се одлучуваат поради одмазда или затоа што имаат сопствена проекција за тоа како изгледаат работите", објаснува Буџановац. На прашањето како детето минува низ тие трауматични ситуации, тој одговара: "Децата на пет или шест години имаат голема доверба во своите родители. Можат можеби да сфатат дека се во необична ситуација. Сепак, тие се многу приврзани кон родителите за да се спротивстават", објаснува тој, додавајќи дека семејството на загинатите, по овие трагични ситуации, мора да побараат психолошка помош, пренесува 24sata. |
"Зошто би го направила ова? Ова сценарио е резултат на одмазда..."
ТОП10 ОК ?
1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О