Нуланд беше пречекана со организиран протест на антивладините кампери кои со пароли на англиски јазик, знамето на САД и Македонија и извици, го проследија нејзиното пристигнување.
Демонстрантите на оградата пред Влада имаат поставено транспаренти на аглиски јазик на кои пишува „Нема правда, нема мир, „Нема компромис со криминалот и корупцијата“,„Вратете ги парите“, Слобода и демокартија“. Во моментот додека се одвива средбата, демонстрантите ги веат знамињата на на САД,ЕУ и Македонија.