Запознајте ја Тифани, секси ќерката на Доналд Трамп за која никој не зборува

Доналд Трамп има уште една убава русокоса ќерка, која можете да ја видите на секоја забава на Менхетн, но се чини дека никој не ја забележува. Или пак, никој не зборува за неа.

Освен што е дел од „богатите деца на Инстаграм“, стажира во Вог, има објавено поп сингл и ужива во благодетите на фактот дека е наследничка на Доналд Трамп, 21-годишната ќерка на милионерот кандидиран за претседател на САД е „непознатата“ во семејството.






Причината поради која таа е толку незабележлива е што до неодамна, голем дел од медиумите сосема заборавија дека таа воопшто постои.

Тифани пораснала во Калифорнија со својата мајка Марла Мејплс, втората сопруга на Доналд, и одела на средно училиште во Вјупоинт, приватна школа која чини 31.205 долари годишно. Мејплс вели дека Доналд ѝ помагал со училиштето и другите финансиски трошоци, но таа ја одгледала Тифани како да е нејзин единствен родител.



Неодамна Тифани се преселила поблизу до татко си, бидејќи се запишала на Вортон школата на Универзитетот на Пенсилванија, каде моментално е апсолвент. Иако има објавено поп сингл во 2011 година, во едно интервју изјавила дека најголема љубов ѝ е модниот дизајн.

Пролетта во 2013 година, Daily Mail објави дека Иванка Трамп ѝ помогнала на својата полусестра да добие стажирање во Вог магазинот, и дека Тифани работи напорно уште од 5 часот наутро.





Во малкуте вести и објави кои можете да ги најдете за Тифани, често е забележувана со група богати млади наследници, кои ги нарекуваат „богатите деца на Инстаграм“. Некои од нејзините пријатели се Ендрју Ворен (син на инвеститор на недвижнини од Њујорк), Хари и Питер Брент Јуниор (синови на медиумскиот могул Питер Брент) и И Џеј Џонсон (син на кошаркарот Меџик Џонсон).




Преку лето, таа ужива во елитната населба Хемптонс.

Се чини дека нејзиниот социјален живот и дружбата со најбогатите не ѝ го попречуваат успехот на професионален план. Според нејзиниот Инстаграм, таа треба да започне ново стажирање во Aeffe, италијанската модна група во чија сопственост се Alberta Ferreti, Philosophy di Alberta Ferreti, Moschino и Polini, а и поминува доста време во библиотека.





Со оглед на тоа што Иванка, која исто така дипломираше на Вортон, имаше кратка кариера како модел пред да се посвети на бизнисот во Трамп Организацијата со татко ѝ, и Тифани би можела да го следи истиот пат, па можеби и да го прошири модниот бизнис на Иванка.



А можеби и ќе продолжи да работи на нејзината музика, обидувајќи се да го смени стереотиот дека ќерките на богаташите се лоши пејачки кој го поставија Парис Хилтон и Никол Ричи. Во секој случај, сега кога е центар на вниманието на медиумите, секако ќе дознаеме.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О