На затворските стражари им биле потребни 18 минути да влезат во ќелијата на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман Ел Чапо, откако забележале дека тој исчезнал, јавил министерот за внатрешни работи на Мексико, Мигел Анхел Осорио.
Ова е прв пат некој официјално да признае колку им било потребно на чуварите да тргнат откако Гузман исчезнал во дупката на подот под тушот, што на бегалецот му дало огромна предност. Осорио додал дека стражарите, кои ја гледале ќелијата преку камера, "веднаш" го вклучиле алармот кога забележале дека тој не е таму.
Обвинителството истражува дали биле почитувани затворските протоколи, навел тој, додавајќи дека затворот "Алтиплано" бил блокиран по бегството и дека претставници на властите минале низ тунелот.
Снимката од камерите, која владата ја објавила, покажала дека Гузман чекорел во својата ќелија, пред да влезе во дупката на подот од туш кабината. Шефот на картелот Синалоа потоа возел на мотор, монтиран на железнички систем, долг 1,5 километри, кој бил правен само за неговото второ бегство од затвор во последните 14 години.
Полицијата задржала 22 затворски службеници на испрашување оваа седмица, но дури сега треба да се поднесе тужба поради сомнение дека Гузман имал помош од внатре. Ел Чапо побегнал само 17 месеци откако мексиканската морнарица го уапсила, во февруари 2014. година, во одморалиштето Мазалтан.
Адвокатот на генералот Арели Гомез, им рекол на пратениците дека Мексико официјално примил барање од САД за екстрадиција на Гузман на 25. јуни, само две седмици пред бегството.