Во разговорот со водителката Меган Кели, Кинг изјавил дека никогаш не видел толкава загриженост. "Доколку е ова само рутинско предупредување, уредите за следење на нуклеарна опасност немаше да се користат на овој начин", рекол тој.
"Дали рековте нуклеарно?", прашала Кели.
"Да, голема е загриженоста тука во Њујорк", одговорил Кинг и додал: "Поради "валкани" нуклеарни бомби. Затоа се трошат толку пари за опрема за откривање на експлозивни направи".
Кинг, инаку претседател на Пододборот за борба против тероризам, обично сака да ја промовира идејата дека зад секој агол во американските градови постојат терористи кои се обидуваат да активираат нуклеарна бомба.
Тој е опседнат со укинување на слободата и правата на граѓаните во корист на агресивниот надзор и острата контрола, под изговор за опасноста од тероризам.
Кинг рутински ја повикал НСА да ги зголеми своите програми за масовен надзор, а претходно го обвинил Едвард Сноуден за предавство, и повикал на негово депортирање и процесирање.
Покрај официјалните предупредувања од ФБИ, ДХС, како и од ЦИА, Пентагон исто така издал предупредување, наведувајќи дека одржува "статус на зголемена приправност" поради потенцијалната закана од Исламската држава по повод 4-ти јули.
Стравот во САД бил зголемен по извештајот дека ФБИ воспоставува командни центри ширум земјата, поради одбрана од терористички напади за време на празничниот викенд.
ИСИС на тоа одговорила со карта која ги покажува положбите на привремените командни центри на ФБИ.
Вработените во ФБИ наводно морале да ги откажат своите одмори за време на викендот, и наводно ги предупредиле пријателите и роднините во врска со нападот.