Поттикната од тоа, Ем го создаде видеото „My Pale Skin“, кое содржи реални коментари за нејзиното лице. На почетокот од видеото, смелата девојка е без шминка, а околу неa се појавуваат пораки како: „Не можам ни да ја гледам“, „Нејзиното лице е многу грдо“, „Грозно“, „Ужасно“, „Сериозно... дали некогаш си го има измиено лицето?“, „Изгледаш одвратно“.
Потоа, Ем започнува да ги покрива акните и со помош на шминка целосно успева да го трансформира својот изглед. Како што се менува изгледот на Форд во видеото, така коментарите стануваат попозитивни, но навредите не стивнуваат. „Премногу се шминкаш“, „Многу си грда, затоа ставаш толку многу шминка“, „Замисли си да се разбудиш покрај неа наутро“...
„Сакав да создадам филм кој ќе прикаже како социјалните медиуми создаваат нереални очекувања и од мажите и од жените. Предизвикот со кој многумина се соочуваат денес е дека како општество, навикнати сме да гледаме лажна слика за совршенство и да се споредуваме себеси со нереални стандарди за убавина, па тешко е да го запомниме најважното нешто – Ти СИ убава. Верувај во себе и никогаш не дозволувај некој да ти каже дека не си убава – дури ни ти самата“ – пишува инспиративната блогерка и ѕвезда на Instagram.