Огласниците се корисна алатка која ги поврзува оние кои сакаат да се ослободат од нешто и оние на кои истото им треба. Но, постојат луѓе кои со глупи потези при пишувањето на огласите, свесно или несвесно го комплицираат процесот на купопродажба. Некои го прават ова бидејќи мислат дека купувачите се глупави, а некои бидејќи се поглупи од првите го следат шаблонот. Ако сакаш преку сајт за огласи нешто да продадеш брзо и едноставно, а огласот да не ти биде како да го пишувал цреп, не ги прави следниве работи.
Цена по договор
Се разбира дека е по договор, како и се во трговијата. Но, како што сè има своја цена, така и ти ја знаеш цената на тоа што го продаваш. Бидејќи е така, олесни им ја работата на купувачите и не им го троши времето да ти се јавуваат, бидејќи ако си можеби еден од оние кои забегуваат со цени, треба да знаат за да те прескокнат. Предметот нема да се продаде побрзо или поскапо ако му ја криеш цената. Не мора да ја пишеш крајната цена под која не ги го продал предметот (ако веќе сакаш да бидеш голем трговец), но - пиши ја цената во полето предвидено за тоа. Понатаму, оваа цена станува предмет на договор помеѓу двете страни. 2015 година сме, а „цена по договор” е толку 1995-та.
Цена 1 евро
Од спомнатите погоре, овие се уште поглупи, а ги има насекаде. Не, сериозно, како бе може некој да е толку глуп и што мисли дека ќе постигне дека ако на Мерцедесот стар 5 години му стави цена 1 евро? Еве, да кажеме дека некој уште поглуп од сопственикот на огласот ќе поверува дека Мерцедесот е навистина 1 евро и ќе му се јави, кое е сценариото што се случува понатаму кога телефонски ќе се слушнат двајца глупаци? Како завршува?
- „Добар ден, се јавувам за огласот, Мерцедес од 1 евро".
- „Абе брат, се заебавам, не е 1 евро, 13.000 евра е, хахаха”?
- „Извини брат, имам 5 евра, мислев дека е стварно 1 евро колата, па сакав да ја купам, а со другите 4 евра да и ставам бензин. Ама, ништо тогаш”.
- „Нема проблем”
- „Пријатно”
- „Пријатно, убав ден”.
Колата е нова. Година на производство 2003-та.
Колата или е нова или не е. Нова е само до моментот кога ќе ја купиш, ќе ја изнесеш од салон и ќе и ги закачиш табличките. Потоа, колата повеќе не е нова, туку е стара три месеци, една година, пет години… А никако не може да биде нова или како нова кола која е стара 12, 15 или 26 години. Може да биде само лошо, добро или одлично сочувана.
Слични по глупавост на овие се оние „Колата не е многу возена". А колата поминала „само" 275.000 км.
Уникат. Фул опрема.
А од опрема има клима и централна брава. Уникат може да биде само глупоста на некој кој мисли дека тоа е фул опрема или дека такво возило е уникат.
Луксуз
Чекајте другари, вие навистина мислите дека становите кои ги продавате се луксузни или мислите дека купувачите се слепи или глупи?