
За чисти нозеДа, сериозно. Купка од бел оцет и три шишиња темно пиво е здрава бања за стапалата. Бактериите од квасецот и киселината ја хранат кожата. Само, осигурајте се дека ќе употребите пиво кое не би сакале да го пиете - како на пример Скопско Темно.
Да ви помогне да исфрлите камен од бубрег
Бидејќи пивото е диуретик, пиењето голема количина пиво ќе ви помогне да ги исфрлите несаканите камчиња од бубрезите.
Да го исполирате мебелот и накитот
Како во ова хакче, лесно може да го светнете дрвениот мебел со пиво. А доколку имате злато кое го изгубило сјајот, со истиот метод може да го исполирате, благодарение на киселоста на пивото.
Да ги олабавите корозираните штрафови
Не можете да го одвртите тврдоглавиот штраф? Полијте малку пиво врз него и почекајте неколку минути за пивото да ја отстрани корозијата.
Да острани тврдокорни дамки од кафе
Да, понекогаш клинот се избива со клин.