Имено, станува збор за патики чија горна обвивка е изработена од исплетено пластично ѓубре, што било извадено од океанот, од страна на организацијата Sea Shepard, која се бави токму со заштита на водите во светот, a e поддржана од Adidas.
Пластичниот материјал употребен за патиките доаѓа претежно од огромна рибарска мрежа пронајдена на дното на океанот - какви што често се наоѓаат во водите.
Од компанијата не се плашат од снемување на ваков материјал, особено на крајот на годината кога планираат да ја лансираат линијата на патики - има доволно пластично ѓубре во океаните.
Идејата на Adidas и организациите со кои соработуваат е да помогнат во ставање крај на загадување на водите. „Пластиката не припаѓа во природа. Не припаѓа во стомачињата на водните животни, не припаѓа таму. “
Според нив, ова е само еден начин на рециклирање и чистење на барем мал дел од океаните во процесот - крајното решение за пластиката би било воопшто да не постои и целосно да се најде замена за овој материјал.