Лесните наметки се во тренд овиве пролет и лето. Инспирирани од традиционалното кимоно што потекнува од истокот, денешните наметки може да бидат кратки, со средна должина или долги, со реси по рабовите, цветни, во риги, на врзување или пуштени да паѓаат лелеаво по телото.
Дизајните и варијациите се бројни, важно е материјалот да е пријатен, тенок и лесен. Наметките може да ги комбинирате со фармерки или шорцеви и едноставна маичка, да ги носите над фустанче, а а одлични се и за над костимот за капење кога шетате на плажа.