![]() |
Мајли нема проблем со покажување на своето голо тело. Овој пат настојува да го засени поранешното момче кое има нова девојка, па се соблекла и позирала со куче и мачка.
Откако 22-годишната Мајли Сајрус дознала дека нејзиното поранешно момче, 22-годишниот Лиам Хемсворт има нова девојка, пејачката побрзала да го насочи целото внимание кон себе. ![]() Мајли повторно се фотографирала и позирала топлес и со перика на главата, а градите ги покрила со лепливи ѕвездички. ![]() Фотографиите веднаш ги споделила со своите фанови на Инстаграм, а истите ги пренел и британски Daily mail. ![]() "Го рушам интернетот. Добро ср... доаѓа наскоро", напишала Сајрус во описот на фотографиите, за кои ангажирала непознати супермодели, односно мачка и куче, но не сакала да открие за што станува збор. |