Популарниот германски весник „Билд“ тврди дека германскиот репрезентативец постигнал договор со управата на Манчестер Јунајтед.
Се чини дека конечно е отворен трансфер маркетот за „Црвените Ѓаволи“. На „Олд Трафорд“ веќе пристигна Мемфис Депај, а наскоро се очекува да пристигнат и Дармијан и Николас Отаменди. Сепак, вистинската „трансфер бомба“ на Манчестер Јунајтед за ова лето се вика Бастијан Швајнштајгер!
Како што пренесува германски „Билд“ кој е добро упатен во случувањата на „Алијанц“ арената, Швајни наводно веќе постигнал усмен договор со управата на Манчестер Јунајтед и наскоро би требало да стави потпис на тригодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона, односно 195 илјади евра неделно.
Се претпоставува дека Манчестер Јунајтед за 30-годишниот германски репрезентативец на Баерн Минхен ќе им исплати помеѓу 18 и 20 милиони евра, а не се исклучува во целата трансфер зделка да биде вклучен и Анхел Ди Мариа. Доколку се реализира овој трансфер, Луј Ван Гал ќе покрие многу важна позиција на средината од теренот, покрај Швајнштајгер, од идната седмица па до крајот на месецот се очекува на „Олд Трафорд“ да пристигнат уште најмалку пет засилувања. |