Кандидатот за претседател на САД не крие дека има високо мислење за себе и својата земја, па затоа на мапата целата територија на Америка е означена како "Трамп".
Од друга страна, тој не е посебно отворен кон соседните народи, па затоа на Мексико е прикачен натписот "силување", а Канада е опишана како "татковината на Тед Круз, која ќе ја уништам".
За цела Африка, Доналд Трамп би можел да каже само едно, а тоа е дека Барак Обама потекнува од овој континент. Слично è и со Русија, која е опишана како татковината на Путин.
Кога станува збор за Балканот, мапата покажува дека милијардерот овој дел од светот го познава само по тоа што од таму потекнува неговата сопруга Меланија Трамп, која инаку е Словенка.