Почина една од ајкулите во Вардар, залутала во канализација

Една од ајкулите во реката Вардар ненадејно почина откако неколку часа се водеше за исчезната, а екипи на Град Скопје ја пронајдоа во каналите на централната канализација која се влева во реката. Очевидци велат дека ајкулата се мачела, се превртувала во водата, а потоа и испуштила душа. Станува збор за ајкула стара една година, а во Вардар доплива директно од територијалните води на Белизе.

*ВЕСТА Е САТИРИЧНА, ПРЕВЗЕМЕНА ОД КОЗАНОСТРА*

– Ова е тешка и ненадоместива загуба за проектот Скопје 2014. Но, не треба да паѓаме во очај, се уште имаме пет живи ајкули. Размислуваме да поставиме решетки каде што канализацијата се влева во водите на Вардар – изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Тој најостро демантираше дека Градската плажа е затворена поради опасност некој капач да биде нападнат од ајкула.

– Ајкулите се мирни животни, ако не ги закачаш нема ни тие тебе. Јас како мал често го гледав цртанот со ајкулата Флипер, но на совет на град Скопје некој ми кажа дека тоа бил делфин. Делфини во Вардар? Зошто да не? -дополни градоначалникот.


ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење за смртта на ајкулата, а премиерот Никола Груевски упати најискрени сочувства до членовите на нејзиното семејство. Партијата се сомнева дека некој од растурениот камп на опозицијата намерно ја има отруено најновата атракција на градот се со цел да ги избрка туристите од Скопје и да ја оштети македонската економија.

Надлежните смируваат дека нема опасност од помор на целиот рибен фонд на ајкули во реката.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О